Нов земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во централниот дел на Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, на оддалеченост од 38 километри источно од градот Османлија.

Во серијата земјотреси што ги погодија Турција и Сирија, досега, бројот на загинати се искачи на 37.357, соопштија денеска официјални лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.