Жителите на островите Самоа и Кирибати, кои се наоѓаат во Тихиот Океан, први ја дочекаа новата 2023 година, во 11 часот по средноевропско време. Добредојде на 2023 година и посакаа со ласерско шоу и со спектакуларен огномет.

Коралните острови Кирибати сочинуваат една република, сместена во централниот дел на Тихиот Океан, на околу 4 000 километри југозападно од Хаваите. Новата година во Кирибати ја слават жителите кои се среќаваат во традиционалните куќи „манеаба“ и излегуваат на улиците и прават здравици на полноќ.

Новата година пристигна и во Нов Зеланд, а потоа ќе пристигне и во Австралија, Јапонија, Северна и Јужна Кореја, а потоа Кина, Малезија, Сингапур и Хонг Конг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.