Во новиот руски напад врз Харков, вториот по големина град во Украина, рано утринава загинаа двајца цивили, а седум беа ранети, објави регионалниот гувернер Олег Синегубов на Телеграм. Јавната телевизија „Суспилне“ јави дека е оштетена висококатница во населбата Шевченковски, а гори и продавница. Други медиуми објавија дека нападот се случил нешто по полноќ.
Претходно Синегубов соопшти за напад во Харков врз станбена зграда и ракетен напад врз село северно од градот. Нема информации за жртви во двата инцидента.
Харков, во североисточна Украина, беше честа руска цел, а нападите се интензивираа во последните недели. Во средата, во напад со беспилотно летало врз градот загинаа четири лица и беше предизвикана голема штета на станбени блокови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.