За овогодинешната Нобелова награда за мир се номинирани вкупно 305 кандидати, што е најмал број во последните четири години. Од номинациите што требаше да бидат поднесени пред крајниот рок 1 февруари, 212 се поединци, а 93 се организации, соопшти Норвешкиот Нобелов комитет во Осло.

Минатата година за престижната награда беа номинирани 343 поединци и организации.

Осум години по ред бројот на кандидати надминува 300. Досегашниот рекорд од 376 кандидати е постигнат во 2016 година“, се вели во соопштението на Комитетот.

Добитникот на наградата ќе биде соопштен на почетокот на октомври, а наградата ќе биде доделена на 10 декември, на годишнината од смртта на пронаоѓачот на динамитот Алфред Нобел (1833-1896), кој ги воспоставил наградите.

Минатата година, Нобеловата награда за мир ја поделија активисти за човекови права од Белорусија, Русија и Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.