Американскиот весник „Њујорк тајмс“ наведе дека видеото на кое се гледа како украинската армија убива заробени руски војници е автентична.
„Раша тудеј“ наведува дека на видеото се прикажани настаните што се случија во селото Макеевка во Луганск во средината на ноември. За потсетување, официјален Кремљ го обвини Киев дека украинската армија егзекутирала неколку руски војници.
Видеата, чиј кредибилитет го утврдивме, претставуваат ретка можност да се видат некои од ужасните ситуации на војната, но тие не покажуваат зошто биле убиени руските војници“, вели Њујорк Тајмс.
Весникот додава дека сè уште „останува мистерија“ што всушност се случило со војниците.
Меѓутоа, „Њујорк тајмс“ посочува дека, судејќи според видеото, „најмалку 11 Руси се убиени од непосредна близина откако еден од нивните соборци отвори оган врз украинските војници кои стоеја во близина“.
За потсетување, Украина претходно објави дека ја проверува автентичноста на видеото.
„Пред да започне истрага, мора да има основа за тоа. Во моментов утврдуваме дали овие видеа се лажни“, изјави тогаш портпаролот на главниот штаб Богдан Сеник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.