Директна комуникација со Владимир Путин е клучна, бидејќи Западот има пораки и ставови кои сака да му ги пренесе на рускиот претседател, смета германскиот канцелар Олаф Шолц.

Колку и да е тешко, директната комуникација е важна, особено за време на сериозна криза. Сакам нашите пораки директно да стигнат до рускиот претседател – изјави Шолц во интервју за шведскиот весник „Дагенс Нихетер“ додавајќи дека не верува оти односите меѓу Русија и Германија можат да се нормализираат во „догледна иднина“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.