Невреме го погоди западниот дел на Франција, а без струја утринава останаа 75.000 корисници на компанијата Енедис, која ги снабдува домаќинствата со електрична енергија, соопштија денес претставници на оваа компанија.

Во 20 француски региони на север и запад од земјата и околу Париз е прогласен портокалов метео аларм, што е второ највисоко ниво на предупредување, пренесува Ројтерс.

Француски Фигаро јавува дека во некои делови на Нормандија сообраќајот е отежнат поради паднатите дрвја на патиштата, пред сè на железничките шини.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.