Речиси недопрен мозаик стар 1.600 години е откриен во централна Сирија. Археолозите коишто учествувале во откривањето на овој значаен археолошки локалитет истакнуваат дека мозаикот е од периодот на антички Рим.
Мозаикот е пронајден под зграда во Растан во близина на Хомс, која бунтовниците ја држеа за време граѓанската војна до 2018 година.
Ова ремек дело прикажува митолошки сцени, вклучително и Тројанската и Амазонската војна, за кои се тврди дека се најретки.
Многу од археолошките богатства во Сирија се оштетени по повеќе од една деценија војна, но последното откритие се опишува како најважно археолошко откритие од почетокот на конфликтот во 2011 година.
Она што е пред нас е откритие кое е многу ретко на светско ниво – вели Хаман Сад, висок функционер на сириската Генерална дирекција за музеи и антиквитети.
Тој додава дека мозаикот е богат со детали, на кој се претставени римскиот бог на морето Нептун и неговите 40 љубовници, како и Херакле како ја убива амазонската кралица Хиполита.
Растан беше упориште на бунтовниците и место на интензивни борби се додека не беше заземен од сириските владини сили во 2018 година.
Сирија се смета за огромно богатство за археолозите, бидејќи е дом на некои од најдобро зачуваните реликвии на древните цивилизации, вклучувајќи ја џамијата Омајад во Дамаск и античкиот град Палмира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.