Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху денеска вети дека ќе ја продолжи израелската војна против Хамас и покрај претрпените „болни загуби“ во копнените борби во Појасот Газа.

Имаме толку многу важни достигнувања, но и болни загуби, рече Нетанјаху во телевизиско обраќање откако армијата потврди дека најмалку 12 војници загинале во вчерашните копнени борби. – Ние сме во тешка војна. Тоа ќе биде долга војна, потенцираше тој.

Знаеме дека секој наш војник е цел свет. Целиот народ на Израел ве прегрнува вас, семејствата на загинатите, од дното на нашите срца. Сите сме со вас во вашето време на голема тага, рече Нетанјаху, изразувајќи сочуство до блиските на загинатите војници.

Нашите војници се вовлечени во неправедна војна, војна за нашиот дом, истакна Нетанјаху. – Ви ветувам граѓани на Израел: ќе ја завршиме работата. Ќе продолжиме до победа, изјави премиерот на Израел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.