Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека и дал инструкции на разузнавачката агенција Мосад да им влезе во трага на членовите на раководството на исламскиот екстремистички Хамас кои живеат надвор од Појасот Газа во странство.
Му дадов инструкции на Мосад да дејствува против лидерите на Хамас, каде и да се, изјави Нетанјаху на синоќешната прес-конференција.
Тој одговараше на новинарска оценка дека лидерот на Хамас Исмаил Ханије и Калед Машал, неговиот претходник, се „еуфорични“ поради војната и очекуваат да продолжат да владеат со Газа кога ќе заврши. Двајцата живеат во странство.
Повеќето високи членови на Хамас живеат во егзил, главно во Катар и Бејрут, главниот град на Либан.
Мосад во последните години беше обвинет за серија убиства во странство не само на палестински екстремисти, туку и на ирански нуклеарни научници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.