Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека Израел ќе се одмазди за разорниот напад на Хамас и притоа ќе го трансформира Блискиот исток.
Обраќајќи се локалните политичари од јужниот дел на земјата, Нетанјаху денеска изјави дека одговорот на Израел на „невидениот повеќекратен напад од палестински вооружени лица“ започнат против Израел од Појасот Газа ќе го промени Блискиот Исток.
Знам дека поминавте низ тешки, ужасни работи. Она низ што ќе помине Хамас ќе биде тешко и страшно – ние веќе сме среде битка, а само што започнавме“, рече Нетанјаху според соопштението од неговиот кабинет. Нацијата ќе го преврти секој камен за да ви помогне на сите. Ве молам да застанете цврсто затоа што ќе го промениме Блискиот Исток – истакна тој.
Тој разговараше со градоначалниците на градовите на јужната граница на Израел, кои беа цел на ненадејниот напад, кој започна во саботата, се вели во соопштението. Други детали во врска со неговата изјава за Блискиот Исток не се објавени.
Израел го прекина производството на гасното поле Тамар во близина на својот јужен брег и ќе бара алтернативни извори на гориво за да ги задоволи потребите за енергија, соопшти денеска Министерството за енергетика на земјата.
Поради актуелната ситуација, израелските одбранбени структури наредија привремена суспензија на испораката на природен гас од наоѓалиштето Тамар, се вели во соопштението на израелското Министерство.
Енергетската компанија Шеврон, која управува со гасното поле Тамар, потврди дека израелското министерство добила инструкции да го запре производството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.