Израел се заканува на либанската група Хезболах. Премиерот Бенјамин Нетанјаху денеска го предупреди либанскиот Хезболах дека ќе ја направат најголемата грешка во животот доколку решат да војуваат против Израел.

„Ќе удриме со таква сила што тие не можат да замислат и тоа ќе биде погубно за државата Либан“, рече Нетанјаху.

Израелската армија денеска го обвини Хезболах дека е за воена ескалација со ризик да го вовлече Либан во војна.

Меѓународната заедница се плаши од „прелевање на војната“ што започна на 7 октомври меѓу Хамас и Израел и учество на други страни, особено Хезболах, кој е сојузник на палестинското исламистичко движење Хамас.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека Вашингтон гледа потенцијал за ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, како резултат на акциите на Иран и неговите сојузници во регионот. САД истакна дека не сака прелевање на конфликтот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.