Петтата ноќ на нереди во француските градови поради полициското убиство на момче доведе до апсење на најмалку 427 лица во текот на ноќта, јави ДПА.

Париз, Марсеј и Лион беа меѓу најпогодените градови, со нереди, грабежи и оштетувања на имот.

Сепак, министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин  информира дека ноќта била помирна поради „решителната акција“ на полицијата.

Премиерката Елизабет Борн посочи дека 45 илјади полицајци, жандарми и пожарникари биле распоредени низ Франција.

Соочени со насилство, тие покажуваат примерна храброст, напиша таа на Твитер.

Во петокот беа уапсени 1.311 луѓе, а повредени 79 полицајци.

Немирите беа предизвикани од фаталното пукање во вторникот во 17-годишен возач од страна на полицијата за време на сообраќајна контрола. Нереди избувнаа низ цела Франција, а исто така беа пријавени и на француски прекуморски територии, вклучително и Француска Гвајана во Јужна Америка и карипскиот остров Мартиник.

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера ја откажа својата државна посета на Германија планирана за следната недела со оглед на политичките нереди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.