Рускиот генерал Магомед Хандаев (61) познат уште и како Генералот на Путин, за кој се верува дека бил клучен сведок во големиот корупциски скандал што го зафати руското Министерство за одбрана, ненадејно почина.
Магомед Хандаев (61) беше началник на Дирекцијата за државни експертизи на руското Министерство за одбрана. Тој беше подреден на заменик министерот за одбрана Тимур Иванов (48), кој беше уапсен под сомнение за корупциски шеми вредни 9 милиони фунти и останува во притвор.
Хандаев се сметаше за важен сведок во корупцискиот скандал што го погоди Министерството за одбрана. Неговата смрт е последната во низата необјаснети смртни случаи на водечки руски личности од почетокот на војната во Украина.
Претходно беше генерален директор на Главната дирекција за специјална градба.
Тој беше една од влијателните личности во изградбата на објекти на Министерството за одбрана низ земјата“, рече изворот. Причината за смртта на Хандаев не е прецизирана.
Според извештаите, неговото тело било пренесено од Москва во неговиот роден регион Дагестан каде требало да биде погребан.
Имал голем број државни одликувања, меѓу кои и Орденот на Александар Невски. Новинската агенција „Компромат груп“ објави дека Хандаев имал „блиски врски со високи функционери чии активности неодамна го привлекле вниманието на агенциите за спроведување на законот“.
Неговата смрт „покренува прашања, особено во контекст на неодамнешните „чистки“ меѓу високи претставници на Министерството за одбрана поврзани со корупциски скандали.
Не е јасно до каде планирале да одат инспекторите во нивните истраги или дали смртта на Хандаи била дел од поголема слика.
Смртта на генералот секако ќе стане згоден повод за оние кои сакаат да ги прикријат трагите од корупциските шеми во Министерството за одбрана.
Приведени се и поранешните соработници на Хандаев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.