Недостигот на снег предизвикува загриженост за скијачките центри низ Европа.

Многу од пониските станици се затвораат – поради што многумина се загрижени за краткорочните планови за одмор и долгорочните економски влијанија, особено во планинските региони, јавуваат странските медиуми.

Франција го доживеа своето најтопло време од 1997 година со температури најмалку 7 или 8 степени над нормалата, што доведе до недостаток на снег во планините.

Истата ситуација се случува и во Швајцарија, Италија и Австрија.

Иса Кастелви работи како менаџер на училиште за скијање и сноуборд во одморалиште на Пиринеите.

Температурите таму, вели таа за CNN Travel, повеќе личат на пролет отколку на почетокот на јануари. Иако има малку снег, тој не е „најдобар“ и одморалиштето го чувствува ударот, дури и ако не е затворен, а резервациите сè уште доаѓаат.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.