Беспилотно летало се урна во петокот во станбена зграда во рускиот град Воронеж, при што се повредени најмалку три лица, соопшти регионалниот гувернер Александар Гусев на социјалните мрежи.

Сликите, наводно, снимени на местото на настанот покажуваат ѕид од зградата сериозно оштетен, веројатно од ударот.

Некои медиуми објавија дека леталото без екипаж носел експлозив и било пресретнато од противвоздушната одбрана пред да се урне.

Видео споделено на интернет, за кое се тврди дека го снимил сведок моменти пред падот, покажува авион како лета над градот. Потоа се залетува и удира во зграда во огнена експлозија.

РИА Новости ја цитираше компанијата која управува со станбениот блок дека повредите што ги добиле случајните минувачи биле само мали исеченици. Неколку домови биле оштетени откако дронот удрил во зградата меѓу вториот и третиот кат, се додава.

Минатата недела три беспилотни летала се урнаа во Москва, погодувајќи неколку станбени згради. Русија ја обвини Украина за лансирање на авионот, нарекувајќи го инцидентот како терористички акт.

Регионот Воронеж се наоѓа во западниот дел на Русија, релативно блиску до териториите под контрола на Киев. Украинските трупи вршат редовни прекугранични напади од почетокот на вооружениот конфликт со Русија.

Улицата Белински во Воронеж, каде падна најновиот дрон, е во центарот на градот, во близина на неколку владини згради и универзитетски кампус.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.