Постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја, изјави дека Русија ќе презентира докази пред Советот за безбедност на ОН кои потврдуваат дека наводите на Украина и Западот за случувањето во Буча се лага.

Според Небензја, руската армија никогаш не го нападнала цивилното население.

Имаме вистински докази кои го докажуваат тоа. Имаме намера да ги претставиме пред Советот за безбедност што е можно поскоро за меѓународната заедница да не биде заведена од лажната приказна на Киев и неговите западни спонзори – истакна Небензја.

Тој нагласи дека видео материјалите се режирани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.