Здравјето на рускиот претседател Владимир Путин уште еднаш е доведено во прашање откако се појави нова снимка на која се гледа дека рускиот претседател навидум не може да ја користи десната рака, пишува „Дејли Мејл“.
Видеото го овековечува моментот кога Путин (69) беше во обиколка на воениот музеј како дел од викендот на свечености по повод Денот на руската морнарицa.
Шефот на Кремљ е виден како разговара со Ксенија, ќерката на министерот за одбрана Сергеј Шојгу, кога комарците или некои бубачки почнуваат да брмчат околу десната страна од неговото лице, но Путин ја крева левата рака во обид да ги отфрли додека десната му виси мрзливо покрај него.
Видето може да го погледнете ОВДЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.