Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди Таџикистан. Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри, а епицентарот бил на околу 82 километри од најблиската граница со Кина.
Земјотресот беше силно почувствуван во Кашгар и Артукс во западниот дел на регионот Ксинџијанг.
🛑 Terrible visuals as strong 7.2 magnitude earthquake hits eastern #Tajikistan. Tremors also reported from #Pakistan#kyrkyzstan #tajikistan #earthquake #turkey #quake #asia #China #PakistanStandsWithTurkiye pic.twitter.com/ivoykGQbXY
— PakWeather.com (@Pak_Weather) February 23, 2023
По тој прв земјотрес следеа потреси со јачина од 6,8, 7,3, 5,0, 4,6, 4,9 степени според Рихтеровата скала. Се уште нема официјални информации за жртви или материјална штета.
На социјалните мрежи се појавуваат снимки од земјотресот, кој освен во Кина, силно се почувствува во Пакистан, Узбекистан, Авганистан и Киргистан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.