Луиза Розова наводната 18-годишната ќерка на Путин, за чие вистинско име се верува дека е Елизавета Кривоногих, го избришала својот профил на Инстаграм откако наводно добила илјадници тешки навреди поради рускиот напад на Украина.

Профилот, кој содржеше фотографии од нејзиниот раскошен начин на живот, а го следеа повеќе од 84.000 корисници  е отстранет, пренесува Dailystar.

Луиз наводно е вонбрачна ќерка на Владимир Путин, која тој никогаш не ја признал. Kaко што се гледа тие многу наликуваат.

Нејзината мајка е Светлана Кривоногих (45), која работела како чистачка, а денес е косопственик на голема руска банка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.