Претходната година е потврдена како најтопла во историјата, поради климатските промени предизвикани од човечкиот фактор и поттикнати од природниот временски феномен „Ел Нињо“.

Ел Нињо е природен настан каде што потоплите површински води во источниот дел на Тихиот Океан испуштаат дополнителна топлина во атмосферата, јавува Би-Би-Си.

Минатата година беше за околу 1,48 степени потопла од долгорочниот просек пред луѓето да почнат да согоруваат големи количини на фосилни горива, соопшти агенцијата за клима на ЕУ, додека анализата на Би-Би-Си покажува дека речиси секој ден од јули 2023 година е забележана нова глобална температура, која е висока за дадениот период од годината.

Температурите на површината на водата, исто така, ги надминаа претходно регистрираните рекорди, зголемувајќи ја можноста 2024 година да го надмине прагот на затоплување од 1,5 степени за една календарска година за прв пат во историјата, според Метеоролошката канцеларија на Обединетото Кралство.

Оваа рекордна глобална топлина помогна да се влошат многу екстремни временски настани во различни делови на светот во 2023 година, од интензивни топлотни бранови и шумски пожари низ Канада и САД, до продолжена суша, а потоа и поплави во делови од Источна Африка.

Многу од овие инциденти се случија на размери што не се забележани во последно време и во неочекувани периоди од годината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.