Националистичката Нова фламанска алијанса (Н-ВА) победи на денешните избори за членови на Претставничкиот дом на белгискиот Федерален парламент со освоени 18,9 проценти од гласовите, покажуваат резулатите од преброени речиси 90 отсто од избирачките места.

На второ место е ултра националистичката и десно популистичка партија Фламански избор (ВБ) со 15,5 отсто, на третото место е левичарската Работничката партија на Белгија (ПВДА/ПТБ) со 9,4 проценти, пред фламанската социјалдемократска партија Напред (Воројт) со 9,1 и Христијанските демократи и Фламанци (ЦДВ) со девет отсто од гласовите.

Натаму следуваат валонското либерално Реформско движење (МР) со 8,3 проценти, валонската Социјалистичка партија (ПС) со шест, либералната партија Отворени фламански либерали и демократи (Опен ВЛД) на актуелниот белгиски премиер Александер де Кро со 5,9 отсто, валонската демохристијанска партија Посветените (ЛЕ) со 5,6 и двете еколошки партии – фламанската Зелени со 4,9 и валонската Еколо со 2,6 проценти. Останатите партии имаат под еден отсто.

На изборите за регионалниот Парламент на Брисел, МР освои 26,2 отсто, пред ПС со 21,9, ПВДА/ПТБ со 20,8, ЛЕ со 10,6, Еколо со 10 проценти и бриселската регионална либерална партија Независни федералистички демократи (ДЕФИ) со осум отсто.

МР со освоени 30 проценти од гласовите победи на изборите за Парламентот на Валонија, пред ПС со 22,3, ЛЕ со 21,9, ПВДА/ПТБ со 11,2, Еколо со 7,4, ДЕФИ со 2,7 и валонската националистича партија „Кај нас“ (Ше Ну) со 2,6 проценти.

Во Фландрија на изборите за регионалнит Парламент, Н-ВА освои 23,2 отсто од гласовите, пред ВБ со 16,9, Воројт со 13,5, ЦДВ и Опен ВЛД со по 12,4 и ПВДА/ПТБ и Зелените со 8,3 проценти.

На изборите за членови на Европскиот парламент од Белгија, Н-ВА освои 14,2 отсто од гласовите, пред ВБ со 12 и Опен ВЛД со 10,1 проценти. Натаму следуваат ПС со 9,7, ЦДВ со 9,2, ПВДА/ПТБ со 8,4, Зелените со 7,8, Еколо со 7,3, МР со 7,1, Воројт со 6,4, ЛЕ со 3,5, ДЕФИ со 2,1 и валонската десничарска Народна партија (ПП) со 1,7 отсто. Останатите листи освија под 0,5 отсто од гласовите.

По објавувањето на ваквите резулатите премиерот Де Кро соопшти дека поденсува оставка на функцијата.

– Ова не е резултатот на кој се надевав. Затоа ја преземам одговорноста за овој резултат. Владата сега е техничка додека не се формира нова коалиција, рече де Кро, нагласувајќи дека на земјата брзо и треба нова влада.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.