Пентагон соопшти дека НАТО нема да пресретнува руски ракети и беспилотни летала над Украина, како што тоа го прави над Израел, бидејќи тоа се „две сосема различни боишта“.

Заменичката за печат на Пентагон, Сабрина Синг, нагласи дека Украина била многу успешна во користењето на сопствената противвоздушна одбрана.

Таа, исто така, извести за разговорот меѓу шефот на Пентагон, Лојд Остин, и украинскиот министер за одбрана, Рустем Умеров. Американскиот претседател Џо Бајден вети дека САД нема директно да се вмешуваат во војната, но ќе продолжат да го поддржуваат Киев во обидите да си ја врати својата територија.

Портпаролката додаде дека САД ќе продолжат да ја обезбедуваат неопходната поддршка на Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.