Шефовите на дипломатиите на земјите членки на Алијансата денеска се обидоа да ги смират соседите на Русија, кои се загрижени дека Москва може да ги дестабилизира со војната во Украина предизвикувајќи енергетска нестабилност и инфлација.
На вториот ден од министерскиот состанок во Букурешт, фокусот денеска е ставен на Западен Балкан, особено на Босна и Херцеговина и двете поранешни советски републики Молдавија и Грузија. И двете земји имаат отцепени региони со руски сили стационирани таму.
-Пораката е јасна: сите членки на НАТО се свесни дека ѕверот сака да ја преземе контролата врз Западен Балкан и ние мора практично да им помогнеме на тие земји да преживеат, изјави естонскиот министер за надворешни работи Урмас Реинсалу.
Членките на НАТО ветија дека ќе им помогнат на трите земји кои се соочуваат со притисок од Москва, изјавија генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг и министрите.
Лекцијата од Украина е дека сега мораме да ги поддржиме, рече Столтенберг на прес-конференција.
-Руското влијание ги погодува на различни начини, но подобро е да ги поддржиме сега отколку ако работите почнат да се развиваат во сосема поинаква насока како што гледаме во Украина, додаде тој.
Столтенберг не соопшти детали за тоа каква помош ќе пружи НАТО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.