Наставничката Лора Русо од Њујорк е уапсена затоа што вакцинирала ученик против корона вирусот и покрај фактот што нема формални медицински квалификации.

Според полицијата, Русо вакцинирала 17-годишен ученик во својот дом. Наставничката по биологија е уапсена на новогодишната ноќ и доколку биде осудена ѝ се заканува казна затвор до четири години.

Наводно, 17-годишникот сакал да ја прими вакцината.

Се појави и видео од контроверзната вакцинација, на кое Русо му вели на ученикот: „Ќе бидеш добро, се надевам… Ете така – вакцинација дома!“

Директорот на средното училиште „Херикс“, изјави дека вработената Лора Русо, е отстранета од настава и прераспоредена до крајот на истрагата.

Русо е обвинета за практикување медицина без потребни дозволи. Првото судско рочиште ќе се одржи во текот на месецов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.