Наставничка по математика од Англија доби шестгодишна затворска казна во Крунскиот суд во Нотингем во петокот поради сексуална злоупотреба на момче на кој му држела онлајн предавања, пишува Би-Би-Си.

Полицијата соопшти дека Холи Роус-Свини (37) договорила да се сретне со тинејџерот во нејзиниот поранешен дом и имала сексуален контакт со него во неколку наврати и покрај тоа што знаела дека е малолетен.

Мајката на тинејџерот ги пронашла несоодветните пораки на наставничката на WhatsApp и ја известила полицијата. Наставничката Роус-Свини се изјаснила за виновна по две точки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.