Во следните неколку дена може да се очекува официјалната одлука на НАТО за продолжување на мандатот на генералниот секретар Јенс Столтенберг за уште една година, пишува норвешкиот весник „Верденс ганг“, повикувајќи се на три неименувани дипломатски извори.

Како што наведува весникот, сите земји членки на НАТО се обединети во својата одлука да побараат од Столтенберг да продолжи да ја извршува функцијата генерален секретар.

Столтенберг се уште официјално не се согласил да го продолжи својот мандат.

Договорот што Столтенберг го има со НАТО истекува на 1 октомври годинава.

Норвешкиот весник наведува дека мандатот на Столтенберг се очекува да биде продолжен пред самитот на НАТО на 11 и 12 јули во Вилнус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.