Турција и Јапонија ги предупредија своите граѓани во Либан да ја напуштат земјата доколку нивниот престој не е неопходен, поради можноста безбедносната ситуација во таа земја многу брзо да се влоши.

Тензиите се зголемија по убиството на лидерот на Хамас Исмаил Ханије во Техеран во средата, еден ден откако израелски напад во Бејрут убиен е Фуад Шукр, воениот командант на Хезболах.

Оние кои не треба да останат во Либан, треба да го напуштат Либан додека се уште се достапни комерцијални летови, ако е можно, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи доцна во неделата.

Турските граѓани, исто така, се повикани да не патуваат во земјата освен ако не мораат.

Јапонското Министерство за надворешни работи денеска издаде предупредување во кое ги повикува јапонските граѓани да го напуштат Либан поради зголемените тензии на Блискиот Исток.

Франција и Италија во неделата ги повикаа своите граѓани во Либан да ја напуштат земјата поради ризикот од воена ескалација, како и САД, Велика Британија, Австралија, Шведска, Канада, Јужна Кореја, Саудиска Арабија и Јордан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.