Бројни светски медиуми со денови шпекулираат за причината поради која холандскиот претставник Јост Клајн е дисквалификуван пред самото финале на Евровизија.

Холандскиот претставник и неговата песна „Europapa“ беа меѓу фаворитите на овогодинешното натпреварување на Песна на Евровизија. Јост Клајн е дисквалификуван пред финалето на Евровизија, а шведските медиуми наведуваат дека причина за тоа биле наводни закани кон фотографка. Шведскиот „Афтонбладет“ пишува дека Холанѓанецот признал дека направил „залет со дланката“.

Маж е осомничен за незаконски закани во Малме Арената во четвртокот вечерта. Осомничениот бил сослушан, но не и приведен. Тужителката која ја примила оваа незаконска закана е вработена во Евросонг – рекол за шведските медиуми Емил Андерсон, шеф на истражниот оддел во Малме.

Според извор за „Афтонбладет“, Клајн наводно признал сè за време на сослушувањето и рекол дека бил под голем стрес поради сите фотографи па ги замолил да престанат да снимаат. Кога не го послушале, тој се налутил и ја кренал раката и ја нападнал фотографката. Сепак, не ја удрил.

Да потсетиме, организаторите пред финалето ја објавија веста дека Јост е дисквалификуван поради наводно навредување на снимателката. Тој не настапи на генералната проба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.