Најмалку две лица загинаа, а тројца се повредени во напад на полициски конвој што превезувал затвореник во Франција, пренесуваат медиумите во регионот.

Нападот се случил околу 11 часот во близина на наплатна рампа во Ере, департман на северот на Франција.Според француските медиуми, напаѓачите избегале со затвореникот што бил во конвојот.

Избеганиот затвореник е познат по прекарот Мува, а е осуден за кражба и провала.

Нападот, во кој учествувале неколку вооружени мажи, се случил на наплатната рампа на автопатот А154 околу 11 часот, пишуваат медиумите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.