Најмалку пет лица загинале, а повеќе од 45 се повредени кога патнички воз излетал од шините во индиската држава Западен Бенгал.
Сите повредени се хоспитализирани, а причината за несреќата се истражува, соопштија претставници на полицијата и железницата.
Во несреќата 12 вагони излетале од шините, а три се превртеле.
Владата ќе обезбеди парична отштета за семејствата на загинатите и сите повредени.
Несреќите се чести на големата, но стара железничка мрежа во Индија.
Државната железница има 9.000 патнички возови и превезува околу 23 милиони патници секој ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.