Најмалку осум лица загинаа, а десетици се повредени во стампедо што се случи пред фудбалски натпревар на Африканскиот куп на нации во Камерун.
Меѓу жртвите е и едно дете, соопшти Министерството за здравство на Камерун, додека според извештај уште неколку деца изгубиле свест, пренесува Би-Би-Си.
На видеа објавени на социјалните мрежи се гледа ужасно стампедо од фудбалски навивачи кои се обидуваат да се пробијат до стадионот „Пол Бија“ во главниот град на Камерун, Јаунде.
Bousculade au stade Olembe.
😔 pic.twitter.com/ybARNI6bT2— Joseph Mac Opare 🇨🇲 🇬🇭 (@jmopare) January 24, 2022
Стадионот има капацитет од 60.000 гледачи, но поради ограничувањата поврзани со Ковид-19, неговата исполнетост не требаше да надмине 80 проценти.
Локалните власти соопштија дека околу 50.000 луѓе се обиделе да присуствуваат на натпреварот.
Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ) во соопштение информира дека „во моментов ја истражува ситуацијата и се обидува да добие повеќе детали за тоа што се случило“.
Натпреварот меѓу Камерун и Коморските Острови се одигра и покрај инцидентот и заврши со победа на домаќините од 2:1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.