Најмалку четворица тинејџери се убиени во масовно пукање на роденденска забава во Алабама. Американските медиуми информираат дека околу дваесест се повредени, а некои посочуваат дека бројката на загинати се искачила на шест

Пукањето се случило околу 22.30 часот, по локално време, кога полицијата го добила повикот.

Полициските власти се уште немаат информации за напаѓачот, или напаѓачите. Информациите се за сега оскудни, а на социјалните мрежи се шират фотографии од телата покриени со чаршави.

Оваа година во САД се случија најмалку 162 масовни пукања. Меѓу убиените се најмалку 75 деца под 11 години, и 434 тинејџери меѓу 12 и 17 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.