Најмалку четири лица загинаа, а тројца се повредени во експлозија во куќа во предградието на Питсбург во американската сојузна држава Пенсилванија, соопштија локалните власти.

Нешто пред 10:30 часот по локално време во саботата, итната помош добила повик дека неколку куќи горат поради силна експлозија што се случила во една од куќите. Пожарникарите пронашле луѓе затрупани под урнатините на местото на несреќата, соопштија официјални лица.

Малку подоцна потврдија дека загинале најмалку четири лица, а тројца се повредени, од кои еден е во критична состојба. Експлозијата уништи три куќи и оштети најмалку 10. Екипи од најмалку 18 противпожарни служби работеа на гаснење на пожарот.

Официјалните лица рекоа дека не можат да го утврдат точниот број на исчезнати лица бидејќи не знаеле точно кој бил дома и кој можеби имал гости во моментот на експлозијата.

Причината за експлозијата е под истрага.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.