Најмалку четири лица загинаа, а околу триесет се повредени во денешното пукање во средно училиште во американската држава Џорџија, јави Си-Ен-Ен.
Некои од повредените луѓе во средното училиште Апалачи во Виндер, не настрадале само од пукањето, туку и од повредите здобиени при бегство. Канцеларијата на шерифот на округот Бароу соопшти дека осомничениот е уапсен.
Ситуацијата сега е под контрола, а учениците се пуштени дома, соопшти кабинетот на локалниот шериф.
Белата куќа соопшти дека претседателот Џо Бајден бил запознаен со инцидентот и оти владата ќе продолжи да се координира со „федералните, сојузните и локалните функционери“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.