Најмалку 43 луѓе загинале во големо лизгање на земјиштето во cеверна Венецуела, а повеќе од 50 се сметаат за исчезнати, соопшти потпретседателката на земјата, Делси Родригез.

Обилните дождови кои ги донесе бурата Јулија, која минатиот викенд ја погоди Никарагва како ураган, предизвикаа излевање на неколку реки – изјави Родригез.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, изјави дека потрагата по преживеани од лизгањето на земјиштето во саботата во Лас Техеријас, на околу 50 километри југозападно од Каракас, ќе продолжи и вети дека неговата влада „ќе го обнови тој прекрасен регион“.

Уништени се повеќе од 300 домови, а стотици други се оштетени.

Лас Техеријас, со околу 50.000 жители, се наоѓа на важна индустриска оска во Венецуела.

Тропската бура Јулија предизвика лизгање на земјиштето и поплави во Централна Америка, при што загинаа најмалку 25 луѓе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.