Најмалку 32 лица загинаа, а 12 се водат како исчезнати во поплавите во Непал предизвикани од обилните врнежи од дожд, соопшти денеска локалната полиција.
Седумнаесет луѓе се повредени, додека повеќе од 1.050 се спасени во Катманду.
Владата издаде предупредување за поплави низ целата земја.
Безбедносните сили и службите за итна интервенција добија наредба да бидат во состојба на готовност.
Сезоната на монсуните, која носи обилни врнежи, започна во јуни и генерално завршува во средината на септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.