Најмалку 25 лица се повредени во пожар во египетскиот град Исмаилија на Суецкиот канал.

Пожарот, чија причина е непозната, пред зори избувнал во седиштето на Управата за безбедност, јави Ал Џезира.

Видеата објавени на социјалните мрежи покажаа пламен како издигнува од градската управа за безбедност рано изутрринава, и се чини дека главната фасада на зградата се урна.

Неколку десетици амбулантни возила и пожарникари се на терен, а на пат се и два воени авиони, јавија државните медиуми. ссм/



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.