Телевизијата Ал Арабија објави дека во либискиот град Дерна загинале најмалку 150 луѓе во поплавите предизвикани од бурата Даниел. Надојдената вода оштети домови и улици.
Портпаролот на Либиската национална армија (ЛНА), Ахмад Месмари изјави дека седум војници се водат како исчезнати.
Бурата Даниел ги погоди градовите Бенгази, Сусa, Ал Бајда и Дерн.
Поради надојдената вода прогласена е вонредна состојба, затворени се училиштата, продавниците, а воведен е и полициски час. Затворени се и четирите големи либиски нафтени пристаништа – Рас Лануф, Зуеитина, Брега и Ел Сидр.
Премиерот на привремената влада во Триполи, Абдулхамид Дбеиба вчера изјави дека им наредил на сите државни агенции веднаш да се погрижат за штетите и поплавите во источните градови. ми/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.