Најмалку 13 Палестинци се убиени, а 15 се ранети во израелски напади врз училиште каде беа сместени бегалци и стамбена зграда во Газа, јавуваат палестински медиуми.
Израелската војска соопшти дека извршила напад врз терористи кои дејствувале од команден и контролен центар на Хамас, вграден во комплекс што претходно служел како училиште „Халима ал-Садија“ во северниот дел на Појасот Газа.
Во одвоен инцидент, петмина Палестинци загинаа во напад на стамбена зграда во кампот Нусеират во централна Газа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.