Компанијата беше обвинета и дека ги прекршила санкциите што Европа ѝ ги наметна на Русија поради инвазијата врз Украина.
Британските и француските власти отворија истрага за мито и корупција во францускиот гигант „Талес“, најголемиот европски производител на одбранбена технологија.
Истрагата ја водат британската Канцеларија за сериозни измами – СФО и француската слуќба ПНФ. Раководството на „Талес“ објави дека ќе целосно ќе соработува со истражителите.
Истрагата е во врска со договори за одбранбена технологија со земји во Азија, изјавиле анонимни извори за Ројтерс. Сомневањата упатуваат на подмитување странски функционер, трговија со влијание, управување со украдена стока и перење пари.
„Талес“ всушност е новото име на компанијата „Томпсон“, формирана во 1968 година. „Талес“ денес има погони со вкупно 81.999 вработени во 56 земји. Со приход од 18,4 милијарди долари во 2023 година „Талес“ бил на осмото место на листата најголеми продавачи на оружје и воена опрема.
Меѓу производите на „Талес“ доминираат радари, системи за контрола на воздушен сообраќај, уреди за електронско попречување, визири и шлемови за пилоти, но и оклопни возила и пушки.
Компанијата беше обвинета дека ги прекршила санкциите што Европа ѝ ги наметна на Русија поради инвазијата врз Украина. Наспроти ембаргото, „Талес“ продолжил да извезува во Русија, вклучувајќи 800 камери за термална визуелизација, како и 60 навигациски системи, проектирани дисплеи за руските борбени авиони „су-30“ и 20 шлемови за пилоти на „миг-29“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.