Песимизмот во Австрија, поради украинската војна и поскапувањето на цените, е на највисоко ниво од 1970-те години, јавија странски медиуми.
Педесет отсто од Австријците со песимизам ги чекаат наредните 12 месеци, покажа истражувањето на „Lacarsfeld“.
Само 26 отсто од граѓаните оптимистички гледаат на наредниот период.
Според „Lacarsfeld“, толку високо ниво на песимизам во земјата немало од 1970-тите и енергетската криза.
На негативното расположение кај граѓаните, најмногу влијание имаат економската рецесија, војната во Украина и растот на цените.
За својата безбедност за време на војната во Украина, загрижени се 51 процент од Австријците.
Како што објаснува „Lacarsfeld“, се работи за грижи околу економска безбедност, стравот од нуклеарна војна што расте.
Истражувањето го покренало и прашањето околу стабилноста на австриската Влада во сегашни услови.
Така, 44 проценти од Австријците навеле дека Владата е нестабилна и оти нема соработка меѓу коалиционите партнери, а околу 24 отсто имаат поинакво мислење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.