Секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, Олексиј Данилов, одговори на заканите на блискиот соработник на рускиот претседател Путин, Дмитриј Медведев, порачувајќи му да си најде бункер во кој ќе се сокрие.

Претходно Медведев испрати порака до Киев „дека тоа што досега се случуваше во Украина е само загревање и детска игра за ултиматумите што ќе следат“.
Украинскиот претседател, пак, Володимир Зеленски, изјави дека не е подготвен да преговара со Москва бидејќи руската страна поставува ултиматуми.

„Медведев не треба да мисли на Украина, туку на држава, како Северна Кореја, и бункерот во кој ќе се сокрие. Конечно нека престане да ја пишува „русија“ со голема буква и нека се навикне на тоа дека се уште не се повлекле“, напиша вчера Данилов на Твитер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.