Поранешниот руски претседател и долгогодишен сојузник на Владимир Путин, Дмитри Медведев, изјави дека експлозијата на полска територија покажува дека Западот се приближува кон уште една светска војна.

Инцидентот со наводниот „ракетен напад“ на Украина на полска фарма докажува само едно: водејќи хибридна војна против Русија, Западот се приближува до светска војна, напиша Медведев на Твитер.

Полскиот претседател Анджеј Дуда претходно изјави дека земјата нема конкретни докази кои покажуваат кој го испукал проектилот што погоди погон за жито и уби две лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.