Вистинска драма се одвивала денеска во средно училиште во Дрезден кога некој, најверојатно еден од учениците, испуштил гас, сличен на солзавец, што довело до задушување кај децата.

Брзата помош и пожарникарите добиле повик околу 11 часот, а кога стигнале на местото на настанот во дворот имало повеќе од педесет деца. Сите кашлале, се гушеле, а очите им биле крвави.

Повеќе од 30 ученици се пренесени во болница, а на останатите им била укажана помош на лице место.

„Го вклучивме алармот и ги подготвивме клиниките во Дрезден и околината“, изјави портпаролот на противпожарната служба, Мајкл Кларе, за BILD.

Операцијата траела до околу 15 часот. Околу училиштето имаше метеж.

Засега нема информации за сторителите, а не е ни јасно за што точно се работи.

Полицијата покрена истрага за нанесување тешки телесни повреди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.