Најмалку 132 тела на цивили се пронајдени во украинскиот град Макарив, изјави градоначалникот на градот Вадим Токар.

Тој во телевизиско интервју истакна дека повеќето тела биле ексхумирани од масовните гробници, но и дека некои се пронајдени на улиците.

Макарив се наоѓа на околу 50 километри западно од Киев и пред војната имал население од околу 15.000 луѓе.

Градоначалникот додаде дека поради борбите во изминатите недели, населението се намалило на 1.000 и дека околу 40 отсто од зградите во Макарив се оштетени, а повеќето од нив не можат да се поправат.

Окупаторите ја уништија речиси целата инфраструктура, бомбардираа домови и станбени згради, целосно уништија болници и градинки, нагласи Токар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.