Tелото на Навални било пренесено во окружната клиничка болница во регионалниот главен град Салехард. Биле пронајдени модринки кои најверојатно не се од тепање.
– Како искусен болничар можам да кажам дека модринките, според оние што ги виделе, најверојатно дошле од конвулзии… Ако некој се грчи, а другите се обидуваат да го задржат, а грчевите се многу силни, тогаш се појавуваат модринки . Тие исто така (оние кои го видоа телото на Навални) рекоа дека тој има модринка на градите – предизвикани од индиректна масажа на срцето. Изгледа се обиделе да го реанимираат, а тој најверојатно починал од срцев удар. Но, никој ништо не кажува зошто имал срцев удар – изјавил болничарот.
На мајката на Алексеј Навални, не и било дозволено да влезе во мртовечницата во рускиот град Салехард.
Портпаролката на починатиот руски опозиционер, Кира Јармиш на платформата Икс објави дека на мајката на Навални не и било дозволено да влезе во мртовечницата и не добила одговор на прашањето каде е телото на нејзиниот син.
– Еден од адвокатите беше буквално истуркан, наведе Јармиш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.