Шефот на регионалната воена управа на Лавов, Максим Козицки, соопшти дека полицијата уапсила две лица во регионот под сомнение дека споделувале информации со Русија.
На авенијата Чорновил во Лавов, патроли запреа сомнителен автомобил. Проверувајќи го телефонот и документите на возачот, полицијата откри видео и фотографии од нашите воени движења. Тој имаше и фотографии од пасоши на мажи со адреса на Луганск и многу контакти со руски броеви – објави Козитски на „Телеграм“.
Лавов вчера беше гранатиран во два наврати, а една од гранатите предизвика пожар во складиште за гориво.
Козитски изјави дека полицијата уапсила човек кој наводно го снимил летот на проектилот и неговиот удар на местото на ракетниот напад, а полицијата пронашла и фотографии од контролни пунктови во регионот, кои биле испратени на руски броеви.
Тие лица по апсењето се предадени на Службата за безбедност на Украина – изјави Козитски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.