На државите членки на ЕУ повеќе нема да им биде дозволено да увезуваат јаглен од Русија по преодниот рок кој завршува денеска на полноќ. Ембаргото е дел од петтиот пакет санкции за кој Европската Унија се договори во април и ќе стапи на сила од четврток понатаму.

Државите на ЕУ се договорија за преоден период од 120 дена за на индустријата да ѝ дадат време да се прилагоди на забраната за увоз. Целта е да се ослаби руското стопанство во ек на инвазијата на Украина. Европската комисија во април објави дека ембаргото за јаглен од Русија годипно може да да ја чини земјата околу 8 милијарди евра.

Ембаргото на јаглен беше прва санксија од ЕУ за Русија на полето на енергетиката. Во подоцнежните пакети ЕУ забрани увоз и на руска нафта за да го зајакне притисокот врзМосква. Ембаркото за нафтата треба да стапи на сила кон крајот на годината, со исклучок на неколку држави кои посебно зависат од руска нафта. Тоа ја вклучува и Унгарија, на која ќе ѝ биде дозволено да се снабдува со нафта од Русија.

Рускиот оператор на нафтоводот „Транснефт“ соопшти во вторникот дека транспортот на нафта од Русија за Унгарија, Чешка и Словачка е сопрен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.