Судот во Москва денеска соопшти дека наредната недела започнуваат сослушувањата за два нови случаја против затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, што може да доведе до зголемување на неговата затворска казна за повеќе од 10 години.
Навални на 15 февруари ќе има прелиминарни рочишта по обвиненијата за измама и непочитување на судот. Тој е обвинет за присвојување над 4,7 милиони долари, донации наменети за неговите организации. Обвиненијата предвидуваат максимална затворска казна од 10 години.
Навални може да биде осуден на дополнителни шест месеци поради непочитување на судот за време на едно од неговите сослушувања минатата година за стари обвиненија за измама.
Навални, најгласниот домашен критичар на претседателот Владимир Путин, е во затвор од минатата година откако преживеа обид за труење, за што тој го обвини Кремљ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.